Учениците од ОУ ,, Јосип Брос Тито“- Мислешево се запознаа со работата на ТППЕ-Струга

- Локални
825

Денеска, во посета на ТППЕ Струга беа учениците од ОУ ,, Јосип Брос Тито“ од Мислешево. Тимот на Територијалната противпожарна единица -Струга ги запозна учениците со опремата , работата и одговорностите на ТППЕ Струга .

„Изведовме две показни вежби,  а потоа  сите се вклучија во денешните вежби . Превентивното делување и превентивната настава е еден од главните факти за намалување на пожарите . Младите се тие од кои треба да се почне промената во општеството и да се подигне свеста кај секој поединец.“ – велат од ТППЕ Струга.

Преку оваа посета, младите научија колку е одговорна работата во ТППЕ-Струга и колку е важна најпрво свесноста на поедниецот за важноста на превентивните мерки за спречување пожари, но и брзата и навремене реакција во случај да избувне пожар.

Strugaonline

Facebook Коментари