Вардар со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во СЕХА

- Спорт
560

Со гостувањето во Љубушки кај тимот на Извиѓач и триумф 31-28 (16-10) ракометарите на Вардар го завршија регуларниот дел од сезоната во СЕХА Газпром лигата. „Црвено-црните” одамна се имаа пласирано на Ф4 турнирот, а кој ќе биде ривалот на Вардар ќе се знае по одигрувањето на дуелите Нексе – Мешков и ППД Загреб – Татран.

Без вкупно шестмина стандардни првотимци: Сташ Скубе, Игор Карачиќ, Даинис Криштопанс, Тимур Дибиров, Вуко Борозан и Сергеј Горбок актуелниот првак во СЕХА лигата одиграа променлив меч, во две различни полувремиња. Од одлично прво и добар почеток на вториот дел, до пад во играта во самата завршница. Му овозможија за момент на домаќинот да се понадева на изненадување, но кога требаше „додадоа гас” и на крајот без проблеми ги освои трите бода.

До вечерва(среда) Вардар ќе биде првопласиран на табелата, а потоа се ќе зависи од постигнатите резултати на последните два натпревари: Во Хрватска се играат два натпревари: Нексе – Мешков и ППД Загреб – Татран. Во зависност од овие натпревари и исходот ќе биде познат и конечниот распоред на табелата.

Единствено сигурно е дека Вардар нема да биде четвртопласиран на табелата. Но, можни се сите други сценарија. Во полуфиналето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата што е закажан за 2 и 3 април ќе играат: првопласираниот против четвртопласираниот и второпласираниот против третопласираниот. Победниците потоа ќе играат во финалето.

Извиѓач – Вардар 28-31 (10-16)

Извиѓач: Мандиќ, Херцег, Миличевиќ 1, Алиловиќ 1, Кос 3, Ивановиќ 8, М. Мишетиќ 2, Чутура 2, Вукшиќ 4, Приморац, Матага 1, Маретиќ, Калуѓеревиќ 1, Ловриќ, Г. Мишетиќ 3, Делиќ 2

ВАРДАР: Гедбан (14 одбрани и 2 седмерци.), Милосављев, Стоилов 1, Кукуловски 4, Недановски 2, Поповски 9, Мораеш 2, Калараш 2, Чупиќ, Шишкарев 4, Крстевски, Војводиќ 3, Кисељев 4.

Извор и фото: РК Вардар

Facebook Коментари