Утре во Струга доаѓа познатиот американски документарист Даглас Блаш

- Локални
870

На 14-ти  јуни, во Американското катче во Струга ќе гостува американскиот документарист Даглас Блаш, кој ќе одржи интерактивна презентација и мастерклас на тема „Монтажа на филм”. Блаш е добитник на многу филмски признанија и награди за монтажа и продукција, а документарните филмови на кои тој работел “20 Feet from Stardom” и “Icarus” се добитници на престижниот Оскар за најдобар документарен филм. Настанот започнува во 11:00 часот во Американското катче. Презентацијата е отворена за јавност, но поради ограничен број на места потребно е претходно пријавување на [email protected] или 046 782 114.
Настанот е во склоп на програмата „Филм за подобро општество”, во рамките на која шестнаесет учесници од Струга и Охрид посетуваат петмесечни работилници за правење кратки филмови под инструкции и менторство на искусни професионалци. Прогрaмата е спонзорирана од Амбасадата на САД во Скопје и American Film Showcase.

Strugaonline

Facebook Коментари