Во пресрет на претстојните празници и летната сезона превентивна дезинфекција на апартмани и соби

- Локални
66
Во рамки на своите законски надлежности и јавни овластувања, а во пресрет на претстојните празници и летната туристичка сезона, Центар за јавно здравје Охрид ги потсетува и повикува давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија на Центар за јавно здравје Охрид со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги согласно Законот за заштита на населението од заразни болести
-Центар за јавно здравје Охрид подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција, за станоиздавачите, а нашите мобилни екипи ќе бидат подготвени секој работен ден и сабота со потребната опрема и средства да одговорат на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите) за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања.-информираат од Центарот.
За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција) станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центар за јавно здравје Охрид, на e-mail [email protected] или на телефоните 046 231030 и 070 723029.
Strugaonline

Facebook Коментари