Во сабота нова „Импровокација“ пред охридската публика

- Локални
496

Втората  епизода од театарската импровизација „Имровокација“ од оваа сезона охридската публика ќе има можност да ја проследи во сабота, 23-ти новември во 20:00 часот. Добро познатата актерска екипа, новата епизода ќе ја одигра на познатата Керал сцена во Охридскиот театар.

„Во сабота ќе чуете и гледате: Филозофскиот трактат на Кипро со наслов „Од дојка до цицка“, Извадоци од стихозбирката „Сланино, љубов моја“ на Стрезо, Никола ќе ја раскаже новата македонска народна прикаСка, Жура со лична сторија за „како до 150см во 5 чекори“ и
Чиче со предавање за „Непотребноста од нотата СИ““-најавуваат актерите на свој оригинален начин.

Бројот на билети е ограничен, истите по цена од 200 денари можете да ги набавите  во  Музичка Продавница Зи Зи Топ или преку резервација на телефонскиот број 075 283 066 (11:00-15:00 ч.)

Strugaonline

Facebook Коментари