Македонската фудбалска репрезентација на одличното трето место ги заврши квалификациите за ЕП

- Спорт
535

Македонската фудбалска репрезентација  на третата позиција ги заврши квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи следното лето.

Ова за нашата репрезентација е најдобар пласман во евро-квалификациите воопшто. Оваа позиција, која е голем успех за нашите фудбалери дојде после победата над Израел со 1:0, и комбинаториките на другите натпреварии и селекции беше на наша страна, со оглед на тоа дека Полска беше подобра од Словенија во последната квалификациона рунда.

Следниот натпреваш на нашата фудбалска репрезентација е во март следната година, кога на домашен терен во Скопје ќе ја пречека екипата на Косово во полуфиналето во Лигата на нации.

Strugaonline

фото: aрхива

 

Facebook Коментари