Во Струга акција за донирање храна, облека и училишен прибор-“Дај малку, помогни многу!”

- Локални
104

По повод Националниот ден на служба и сеќавање, Американско катче Струга, со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и во соработка со Црвен Крст Струга, организраат хуманитарна акција. На 10, 11 и 12 септември, вратите на АК Струга ќе бидат отворени за сите хумани луѓе кои би сакале да достават донација во вид на храна, облека или училишен прибор. Собраните донации ќе бидат распределни на социјално загрозени семејства и поединци за кои Црвениот крст има евиденција, но се повикуваат граѓаните, доколку знаат за лица на кои им е потребна помош, да ја споделат информацијата со Американското катче, со цел да им биде доделена донација.

Во однос на типот на донации, потребно е:

  • храна, која треба да биде конзервирана, пакувана, со долг рок на употреба
  • производи за лична хигиена и хигиена во домот
  • облека, сочувана и чиста
  • училишен прибор и детски играчки

Донации се собираат во просториите на АК Струга, во старото основно училиште “Браќа Миладиновци”, до Центарот за култура во Струга.

За повеќе информации обратете се на email: [email protected] или на телефон 046 / 782 – 114

Strugaonline

 

Facebook Коментари