Во Струга има 195 активни случаи со КОВИД 19

- Локални
474

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 25-ти до 31-ви јули 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 263 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 185 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 78 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 80 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 48 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 84, во Струга 195, а во Дебар 108.
– Во овој период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар
– Во овој период починати се 2 лица од општина Струга

 

Од почетокот на епидемијата до 31-ви јули 2020 година:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 916 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 272 лица во општина Охрид и Дебрца, 449 лице во општина Струга и Вевчани и 195 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти
– од општина Охрид и Дебрца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 43, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица.

– Почитувани сограѓани, епидемијата од коронавирусот се’ уште трае. Коронавирусот се’ уште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Извор: ЦЈЗ Охрид

Facebook Коментари