(ВИДЕО) Happy End Band го претставуваат новиот хит насловен како ,,Ивана“

- Музика
1175

Happy End Band го претставуваат новиот хит насловен како ,,Ивана“.

Станува збор за едно вистинско квалитетно освежување на домашната сцена што музички ќе ви го исполни ова лето 2020-то.

Песната „Ивана” е дело на Ташко Грујовски, кој одличен и многу искусен мулти-инструменталист, а воедно и брат на еминентниот пејач на македонска народна музика Благоја Грујовски. Ташко ги направи музиката и аранжманот, а текстот го напиша Огнен Неделковски . За мастерингот на „Ивана” се погрижи добро познатиот музичар и гитарист Бобан Василевски, додека видеото кое што е снимано во Скопје е под режисерска палка на младиот и талентиран видео продуцент Владислав Гавриловски.

„Особено сме горди со „Ивана” затоа што го остваривме тоа што го замислувавме пред да почнеме со снимање. Идејата ни беше да ја снимиме песната надвор од денешните рамки каде што компјутерите се олеснувачки фактор при снимање на музика. Спротивно на денешните трендови, во оваа песна учествувавме сите членови на бендот. Сите инструменти во песната се отсвирени во живо и секој од нас има свој удел во тоа песната да звучи природно. Овој начин на работа бара знаење и искуство во музиката и сме многу благодарни што врвниот музичар и инструменталист Дарко Илиевски ни пренесе дел од своето искуство и ни помогна со неговите идеи додека снимавме. Целиот процес беше многу динамично и убаво искуство и би сакале и во иднина да продолжиме со ваков начин на работа.“ – велат за Strugaonline членовите на бендот.

Happy End официјално постои од 2012-та година и е составен од шест членови: Игор Петковски (вокал), Владимир Николовски (гитара), Илија Маревски (бас гитара) и Дамјан Јоров (тапани). Додека Тодор Петров (виолина) и Никола Шкрипцов (клавијатури) се приклучуваат кон крајот на 2014-та година но, за краток период се вклопија и исто како да се присутни од самото формирање на бендот.

Имaaт настапувано на голем број јавни и приватни настани територијата на Македонија но и надвор од неа. Нивните  јавни настапи главно се одржуваат во познати кафулиња, ноќни клубови и дискотеки, но исто така многу често свират  и на приватни забави од различен караткер.

Покрај наведените свирки, имаат настапувано на големи јавни настани и на концерти пред многубројна публика. Дел од тие настапи се на Пиво Фест во Скопје и настапи како предгурпа на повеќе концерти на познати музички sвезди од нашата земја и од екс југословенските простори.

Своевремено беа дел од емисијата „Вечер со Тијана” во која што ги  придружуваа гостите во емисијата во нивните настапи.

За Happy End Band музиката е култура на живеење, движечка сила која им помага својата енергија да ја пренесат на публиката.

Strugaonline

 

Facebook Коментари