Во Струга одбележани седумедесет и осум години од почетокот на револуцијата

- Локални
561

На 11 Октомври,во организација на Општинскиот Сојуз на борците од Струга,беше свечено одбележан 11 Октомври –Денот на народното востание на македонскиот народ.

Делегации на Сојузот на борци,Здружението на пензионери,делегација од АРМ,организација на жени од Струга,почитувачи на ликот и делото на другарот Тито,делегации од политичките партии на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,положија букети свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата во центарот на градот.

Откако беа положени букети свежо цвеќе,а присутните се поклонија пред споменикот,пред насобраните граѓани и поддржувачи на овие традиции,зборуваше Ајредин Мемети,претседател на Здружението на Сојузот на борци од Струга.

„Оваа година Македонија одбележува 78 лета од почетокот на антифашистичкото востание на народно-ослободителната војна.Тоа е 11 – Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.11 Октомври е денот кога започна борбата против фашизмот,а со цел ослободување на македонскиот народ.Затоа со право се вели дека овој голем ден е важен меѓник,во борбата  за самобитност и самостојност на македонскиот народ. На 11-ти октомври 1941 година, Македонија го избра патот на борба против најголемите зла во историјата на човештвото.Свесен дека вистинската слобода за Македонија не може да биде измолена и подарена,туку само со борба освоена,македонскиот народ заедно со другите националности во Македонија ја започна Народно-ослободителната борба. “ – истакна Мемети

Teкст : Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари