Охридскиот хардкор и метал бенд Hardfaced го промовираше синглот „Black Sun”

- Забава
76

Охридскиот хардкор и метал бенд Hardfaced денес на Youtube каналот го промовираше видеото за својот прв сингл “Black Sun” од нивниот нов албум “Dreamless Slumber At The Shores Of Youth”

Видеото е во режија на Горан Велјаноски и Александар Цветаноски, а го снимаше и монтираше Александар Цветаноски.

 Hardfaced се формирани во Охрид во 2004 година и зад себе покрај новонајавениот албум имаат издадено уште три студиски албуми: “More Than Hate” – 2007 (Years Of Pain Records, Diehard Records), “Show Them What They Fear” – 2011 (Diehard Records) и “Dying Lake” – 2014 (Diehard Records).Бендот го сочинуваат: Димитар Савески, Горан Велјаноски, Јован Наумоски, Љупчо Стефаноски и Јордан Маленко

“Dreamless Slumber At The Shores Of Youth” е во издание на Diehard records, а мастеринг и микс на албумот направи Lasse Lammert LSD studio од Германија. Албумот ќе излезе оваа есен на 30-ти ноември, на винил, це-де и дигитален печат. 

 

Strugaonline

Facebook Коментари