Славчо Попоски: Во наредните денови температурата ќе расте и до 31 степен

- Македонија
125
По малку пониските температури на воздухот вчера, веќе во следните денови ќе продолжи порастот на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30, 31 степен. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.
„Иако невообичаено топол, сепак овој бран е нормална појава во овој период од годината во нашиот дел од Европскиот континент. Истата појава сме ја имале и во изминатите години. Јужното и југозападното струење на визина ќе услови а веќе и условува транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така и атмосферата ќе биде позаматена. Поради ваквата ситуација кај метеопатите е можна појава на мачнина и на здравствени проблеми.“ – вели Славчо Попоски
Strugaonline

Facebook Коментари