Во возбудлив натпревар РК Струга загуби од РК Пелистер

- Локални, Спорт
690

Во рамките на второто коло во есенскиот дел од сезоната во машката ракометна Супер-лига екипата на РК Струга на домашен терен загуби од РК Пелистер со резултат 24: 26.

Нашите ракометари најпрво водеа со  со 7-4 во првиот дел, но на крајот на истиот,  битолчани покажаа борбеност и на пауза заминаа со гол предност, 11-12. Во второто полувреме имаше неизвесна и силна игра од двете страни, па се играше гол за гол.

На крајот на натпреварот  Пелистер  стигна до  20-24, а РК Струга возврати серија и стигна до минус еден  се бореа, но во последните секунди сепак ракометарите на Пелистер реализираа и го добија овој меч со 24; 26.

Следниот викенд РК Струга игра на гости против РК Радовиш.

Strugaonline

Facebook Коментари