Лев банер Десен банер

Во завршна фаза е новото спортско игралиште во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга

Градоначалникот на општината, Менди Ќyра, изврши увид во градежните активности на новото спортско игралиште во дворот на Основното училиште „Браќа Миладиновци“, проект кој се наоѓа во завршна фаза на реализација.

Станува збор за значајна инвестиција финансирана од Министерството за спорт, со која се обезбедуваат современи услови за спорт и рекреација на учениците и младите од општината. Новото игралиште ќе овозможи поквалитетна настава по физичко образование, но и дополнителен простор за развој на спортските активности.

„Оваа инвестиција има за цел да создаде подобри услови за учениците и младите, промовирајќи физичка активност и здрав начин на живот. Спортот е многу важен за развојот на телото и умот – здраво тело, здрав дух“, истакна градоначалникот при посетата.

Од општината нагласуваат дека и во иднина ќе продолжат со вложувања во образовната и спортската инфраструктура, со цел да се обезбедат модерни, безбедни и функционални простори за младите.

„Нашата младина го заслужува најдоброто, а ние остануваме посветени на создавање услови за нивен правилен развој и активен живот“, порачуваат од локалната самоуправа.

StrugaOnline

error: