Џудо клуб Дрим Струга со четири медали од „Трофеј Подгорице“ во Подгорица, Црна Гора
Горди и среќни, членовите на Џудо клуб „Дрим“ Струга се враќаат од меѓународниот џудо натпревар „Трофеј Подгорице“, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора, каде што остварија значаен успех и освоија вкупно четири медали.
Струшкиот клуб настапи со седум натпреварувачи, а одличните резултати не изостанаа. Со сребрен медал се закитија Дарио Стојанов и Енил Ајдиноски, кои со одлични борби стигнаа до финалето во своите категории. Бронзени медали освоија Мила Стојанова и Мунир Ајдиноски, покажувајќи голема борбеност и квалитет на татамито.
Иако без медал, силен впечаток оставија и Карим Идризоски, Матеј Димитроски и Анастасија Јовческа, кои прикажаа одлични борби и стекнаа драгоцено меѓународно искуство.
Од клубот истакнуваат дека се горди на сите свои натпреварувачи за прикажаната дисциплина, посветеност и спортски дух. Овој успех претставува уште еден чекор напред и силна мотивација за идни натпревари и нови спортски достигнувања.
StrugaOnline

