Со нерешен резултат (2:2) заврши локалниот дерби натпревар помеѓу Лабуништа и Струга Трим Лум во шестата рунда во Втората македонска фудбалска лига. Мотивирана игра и борбеност покажаа фудбалерите на двете екипи, а публиката во Струга покажа навистина голем интерес на овој натпревар, ако се земе во предвид дека трибините беа полни со љубители на фудбалот кои постојано ги бодреа своите фаворити.
Првиот гол на натпреварот го постигна Зија Мерџијан кој во 32-та минута погоди за водство на на Струга Трим Лум.
Лабуништа успеа да израмни малку пред крајот на првиот дел преку Игор Клечкароски.
И во вториот дел од натпреварот Струга Трим Љум го презеде водството со голот на Арбен Тафе, за потоа повторно да дојде до израмнување на резултатот преку голот на Клечкароски, што беше и последен гол на мечот.
Според резултатот од овој натпревар, Струга Трим Лум го загуби првото место во Втората лига, додека Лабуништа со бодот се зацврсти на средината од второлигашката табела.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари