Втора сесија од форумот за Социјална инклузија во петок во Струга

- Локални
531

Општина Струга ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество на втората сесија од Форуми во заедницата, која ќе се одржи на 28.06.2019 (петок), во хотел Аполонија, со почеток во 10.30 часот.


Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Во рамките на Форумите во заедницата (вкупно 5 сесии) ќе се дискутира за проблеми и приоритети на Општина Струга и ќе се понудат решенија од кои ќе произлезат идеи за проекти/иницијативи за предлог проекти. Од овие концепти за предлог проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните. Со фондот на проектот од 50,000 CHF (швајцарски франци) ќе се финансира најмалку 1 а најмногу 3 проекти, кои ќе се изберат и подготват од страна на учесниците на форумите. На последната сесија, петтата, ќе се дадат иформации околу спроведувањето на избраните проекти од форумот и препораки.

Тема на форумите ќе биде социјалната инклузија, како и темите како родовата еднаквост, добро владеење и мултиетничка соработка.

Strugaonline

Facebook Коментари