ЗП Струга го организираше првиот интернет-турнир во шах за пензионери

- Локални
502

Последните денови од месец јуни, Здружението на пензионери од Струга го организираше првиот интернет-турнир во шах.

Првите луѓе на здружението, Милорад Трпоски-претседател и секретарот Изеир Мустафаи, кои беа иницијатори за одржување на Прв ваков турнир,подржан и од СЗПМ информираа дека на објавата за натпревар се пријавиле 18 шахисти , меѓу нив и една припадничка на понежниот пол која го освои четвртото место.

Искусниот шахист Бајрам Спаију, член на шаховската екипа на ЗП Струга, кој активно се вклучи во организацијата на интернет-турнирот истакна дека сепак,треба да се знае дека стандартниот шах  и интернет-шахот се два различни спорта.

Шахот преку интернет е повеќе како видеоигра со елементи на шоу.Голем проблем е тоа што се нема  доволно контрола за да се запрат измамиците.

На почетокот на турнирот  на сите пензионери шахисти претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски и секретарот Изеир Мустафаи им го честитаа учеството на овој републички интренет-турнир во шах 2020 година.

На крајот од турнирот беа прогласени пет најдобри шахисти и тоа:Прво место- Тодор Милосиев од Кочани на возраст од 71 година,второто место го освои Владимир Мицов исто така од Кочани со 66 години, третото место за Томе Тодоровски со 67 годишна возраст од Битола, додека четвртот место го зазеде единствената дама шахиста Марија Органџиева од Велес на возраст од 61 година и петото место му припадна на членот на ЗП од Дебар Ризван Колеци со наплнети 79 години.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

 

Facebook Коментари