Почина познатиот композитор Енио Мориконе

- Свет
486

Во 91-та година од животот, во болница во Рим, денеска почина познатиот италијански композитор Енио Мориконе.

Енио Мориконе е роден во Рим на 10-ти ноември 1928 година. Тој се смета за еден од највлијателните луѓе во историјата на филмската музика. Мориконе два пати се закити со Оскар-во 2007 година беше награден со почесен Оскар за извонредни придонеси во уметноста на филмската музика, а во 2016 година освои Оскар за најдобра оригинална музика за музиката за филмот „Омразените осуммина“ на Тарантино.  Во текот на својата богата кариера, Мориконе компонирал музика за над 500 филмови, меѓу кои се, „За долар повеќе“, „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“, „Недопирливите“, „Мадалена“ и други.

 

Facebook Коментари