2 лица во Струга и 7 во Охрид казнети поради неносење маски

- Македонија
296

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 15 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-07, Струга-02, Кичево-03, Дебар-03). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 52 контроли по угостителски и други објекти (Струга-16, Кичево-36). Истовремено, на подрачјето на Дебар, евидентирано е едно лице кое ја прекршило забраната за движење од 24 до 04 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook Коментари