412 прекршоци за неносење лична заштита изминатово деноноќие

- Македонија
554

Полициските службеници досега констатирани се вкупно 24 567 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 412 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 72 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 852 лица им се издадени решенија за изолација, а 10 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари