Ден пред Водици – Водопост

- Македонија
777

На еден ден пред празникот Богојавление Водици, православните верници денес го празнуваат Водокрштение, Водокрст или Водопост.

Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост односно пост на вода.

Празникот Водици се празнува два дена. Првиот ден – 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари е познат како Собир на Свети Јован Крстител, а уште се вика и Женски Водици. Вториот ден од празникот, Собор на Свети Јован Крстител, именден прославуваат Јовановци. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

извор: МПЦ-ОА

фото: архива

Facebook Коментари