Денеска нема полициски час, од утре ќе започнува од полноќ

- Македонија
513

Од утре полицискиот час ќе почнува од полноќ, а ќе трае до 4:00 часот.

Исклучок е денешниот ден, кога поради верскиот празник Рамазан Бајрам нема да има полициски час.

Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од денеска, 12-ти мај 2021 година.

Од денеска, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Од денеска можат да работат и фитнес центрите.

Од МЗ појаснија дека олабавувањето на мерките доаѓа како резултат на на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјава.

Strugaonline

 

Facebook Коментари