Досега се се аплицирани 160.425 дози вакцини, имунизацијата се одвива непречено во сите пунктови

- Македонија
370
Вакцинацијата во земјава се одвива непречено на сите пунктови низ државата.-информира министерот Филипче.
Вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793 граѓани.
Филипче апелира до граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што вели,  тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.
На 14-ти месецов ќе стигне втората пратка вакцини што земјава ги обезбеди преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека.
Strugaonline

Facebook Коментари