Денеска започна исплатата на јануарските пензии

- Македонија
547

Од денеска започна исплатата на јануарските пензии во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички.

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека пензиите ќе бидат зголемени за 2,9 % по основ на усогласување со порастот на трошоците за живот.

Готовинската исплата на пензии во деловните банки ќе се врши во четири групи според висината на пензијата.

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.01.2022 година (петок); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.01.2022 година (понеделник).

Пензионерите, пак, кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите можат да располагаат веќе од денеска.

Facebook Коментари