ДПМ ги соопшти добитниците на книжевните награди за 2019

- Македонија
621

Јован Стрезовски, Панде Манојлов, Зоран Пејковски и Катица Ќулавкова се добитници на годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија за најдобри книжевни остварувања во 2019 година.


Во‭ ‬ ‭ ‬потесен‭ ‬ ‭ ‬избор‭ ‬ ‭ ‬за‭ ‬ ‭ ‬наградата‭ ‬ ‭ ‬за‭ ‬ ‭ ‬проза‭ ‬ ‭ ‬„Стале‭ ‬ ‭ ‬Попов“‭ ‬ ‭ ‬влегоа насловите: „Правта на библиотеките“ од Митко Маџунков, „Цариградски емигрант“ од Луан Старова, „Кога заминав од Карл Либкнехт“ од Лидија Димковска , „А’бт“ од Оливера Ќорвезироска и „Чувар на тајни“ од Јован Стрезовски. Жири-комисијата во состав: Јован Дамјановски (претседател), Томислав‭ ‬ ‭ ‬Османли‭ ‬ ‭ ‬(член)‭ ‬ ‭ ‬и ‭ ‬Ермис‭ ‬ Лафазановски‭ ‬ ‭ ‬(член)‭ ‬ едногласно одлучи наградата да се додели на‭ ‬ ‭Јован Стрезовски‬ ‭ ‬ за збирката куси раскази ‭„Чувар на тајни“‬.
Селектирани кандидати за наградата за поезија „Ацо Шопов“ беа стихозбирките: „Импровизирани часови“ од Давор Стојановски, „Јужни реки“ од Панде Манојлов и „Мои страсти,‭ ‬ мои страданија“ од Катица Ќулавкова. Комисијата во состав: Паскал Гилевски (претседател), Михаил Ренџов (член) и Иван Антоновски (член) со мнозинство гласови одлучи наградата да биде доделена на ‭Панде Манојлов ‭за стихозбирката ‭„Јужни‬‬‬ реки“‭.‬
Кандидати ‭ ‬за ‭ ‬наградата ‭ ‬„Ванчо ‭ ‬Николески“ ‭ ‬за ‭ ‬најдобра ‭ ‬книга ‭ ‬за деца‭ ‬ ‭ ‬и ‭ ‬млади‭ ‬ ‭ ‬беа ‭ ‬книгите:‭ ‬ „Дур‭ ‬ ‭ ‬дишам ‭ ‬се ‭ ‬надевам“ ‭ ‬од‭ ‬ ‭ ‬Владимир Мартиновски,‭ ‬ ‭ ‬„Ѕвезда‭ ‬ Мрак‭ ‬ и‭ ‬ ‭ ‬суштествата‭ ‬ ‭ ‬од‭ ‬ ‭ ‬Мракоград“‭ ‬ од‭ ‬ Билјана Црвенковска, „Кој се фали ќе зажали“ од Кузман Кузмановски и „Мали детски разговори“ од Зоран Пејковски. Комисијата во состав: Љерка Тот Наумова (претседател), Панде Манојлов (член) и Горјан Петревски (член) одлучи наградата да му биде доделена на ‭Зоран Пејковски ‬за пиесата за деца ‭„Мали детски разговори“‬. ‭ ‬
Во ‭ ‬кругот ‭ ‬на ‭ ‬ кандидати ‭ ‬за ‭ ‬наградата „Димитар‭ ‬ Митрев“‭ ‬ за книжевна критика и есеј се вклучија повеќе значајни остварувања, и тоа: ” Клуч ‭ ‬во ‭ ‬клучалката ‭ ‬на‭ ‬ детството“‭ ‬ ‭ ‬од ‭ ‬Весна‭ ‬ Мојсова-Чепишевска,” Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска, „Окружението на Конески“ од Димитар Пандев, „Слова и согледби за Блаже Конески“ од Димитар Пандев, „Достоевски и Мекдоналдс (книжевни и културолошки студии)“ од‭ ‬ ‭ ‬Венко‭ ‬ ‭ ‬Андоновски,‭ ‬ ‭ ‬„Поредокот‭ ‬ ‭ ‬на‭ ‬ ‭ ‬слободата:‭ ‬ ‭ ‬интерпретативен синкретизам“‭ ‬ ‭ ‬од‭ ‬ ‭ ‬Катица‭ ‬ ‭ ‬Ќулавкова‭ ‬ ‭ ‬и‭ ‬ ‭ ‬„Поезијата‭ ‬ ‭ ‬и‭ ‬ ‭ ‬возвишеното: возвишеното‭ ‬ ‭ ‬во‭ ‬ ‭ ‬македонската‭ ‬ ‭ ‬современа ‭ ‬поезија“‭ ‬ ‭ ‬од‭ ‬ ‭ ‬Иван‭ ‬ ‭ ‬Џепароски. Комисијата во состав: Данило Коцевски (претседател), Јасмина Мојсиева- Гушева (член) и Ангелина Бановиќ-Марковска (член) едногласно донесе одлука наградата да ѝ биде доделена на‭ ‬ ‭Катица Ќулавкова‭ ‬ ‬за книгата „Поредокот на слободата: интерпретативен синкретизам“‭.‬

Комисијата во состав Ресул Шабани (претседател), Олга Панкина (член)‭ ‬ ‭ ‬и‭ ‬ ‭ ‬Јусуф‭ ‬ ‭ ‬Едип‭ ‬ ‭ ‬(член)‭ ‬ ‭ ‬за‭ ‬ ‭ ‬наградата‭ ‬ ‭ ‬„Книжевен‭ ‬ ‭ ‬мост“‭ ‬ ‭ ‬за‭ ‬ ‭ ‬книга објавена на некој од јазиците на националностите, едногласно одлучи оваа година‭ ‬ ‭ ‬наградата‭ ‬ ‭ ‬да‭ ‬ ‭ ‬не‭ ‬ ‭ ‬биде‭ ‬ ‭ ‬доделена,‭ ‬ ‭ ‬со‭ ‬ ‭ ‬образложение‭ ‬ ‭ ‬дека
пристигнатите книги во оваа категорија не ги исполнуваат жанровските и естетските критериуми.

Наградите ќе бидат доделени на свеченоста што ќе се организира на Денот на ДПМ, 13 февруари, со почеток во 12 часот.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари