Пред да се вратат во Кина, 14-дневен карантин за работниците од „Синохидро“ кои работат во Македонија

- Македонија
547

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е Џанг Ѕуо, на која разговараа за состојбата со коронавирусот во Кина и мерките за претпазливост кои се преземаат.

На средбата, кинескиот амбасадор Ѕуо го информираше министерот Филипче дека работниците кои работат во кинеската компанија „Синохидро“, а се вработени од Република Кина и кои редовно транзитираат на релација Кина-Северна Македонија имаат препорака да се вратат покасно, а непосредно пред враќањето 14 дена ќе бидат во карантин, по што со најава ќе бидат вратени назад. Со ова, дополнително се активираат мерките на претпазливост од можност за коронавирус во нашата држава.

„Северна Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени да се справиме со корона вирусот, иако нашата држава е далеку од тој ризик. Со користењето на термалната камера успешно се спроведува постапката за идентификација на евентуални заболени од корона вирусот. Работата е целосно под контрола и во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника.“ – велат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство апелира до граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;
• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е Џанг Ѕуо, на која разговараа за состојбата со коронавирусот во Кина и мерките за претпазливост кои се преземаат.

На средбата, кинескиот амбасадор Ѕуо го информираше министерот Филипче дека работниците кои работат во кинеската компанија „Синохидро“, а се вработени од Република Кина и кои редовно транзитираат на релација Кина-Северна Македонија имаат препорака да се вратат покасно, а непосредно пред враќањето 14 дена ќе бидат во карантин, по што со најава ќе бидат вратени назад. Со ова, дополнително се активираат мерките на претпазливост од можност за коронавирус во нашата држава.

Северна Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени да се справиме со корона вирусот, иако нашата држава е далеку од тој ризик.

Со користењето на термалната камера успешно се спроведува постапката за идентификација на евентуални заболени од корона вирусот. Работата е целосно под контрола и во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника.

Министерството за здравство апелира до граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;
• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

Strugaonline

 

Facebook Коментари