Филипче: Бројот на новозаболени е намален, утре започнува вакцинацијата на лица помлади од 75 години

- Македонија
403

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите денеска истакна  дека има намалување на новодијагностицирани случаи.

„Епидемиолошката крива е во континуиран пад, тоа значи дека мерките ги даваат резултатите. Притисокот е се уште голем кај болниците, но тоа добро се менаџира во сите здравствени установи. Има слободни кревети и во Скопје и во другите градови“, посочи Филипче

Во однос на процесот на имунизација, Филипче ја информираше јавноста  дека утре започнува вакцинацијата на граѓаните помлади од 75 години кои се пријавени на веб страницата vakcinacija.mk и кај своите матични лекари.

Тој додаде дека кога ќе стигне поголема количина на вакцини тогаш и ќе се вакцинира, затоа што не сака да го земе редот на некој што има поголем ризик.

„Сите вакцини се безбедни, проверени, каков ќе биде редот со таа вакцина ќе се вакцинирам“, рече министерот.

Во однос на полицискиот час, тој рече дека доколку има потреба односно доколку епидемиолошката состојба тоа го налага, полицискиот час ќе биде продолжен и после 20-ти април.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари