Филипче: Доколку викендов се влоши состојбата, во понеделник ќе бидат предложени нови мерки

- Македонија
569

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција објави дека состојбата со корона вирусот се следи, а доколку викендов се влоши состојбата, во понеделник ќе се предложат нови рестриктивни мерки.

–  Мерките се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот, изјави Филипче.

Што се однесува до претходниот пакет мерки, ( задолжително носење заштитна маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица) Филипче рече декае поднесен за законски измени до Собранието и очекува веќе следната недела истите да бидат изгласани во законодавниот дом.

 

Facebook Коментари