Андре Риу со ново издание “Jolly Holiday”

- Музика
563
Кралот на валцерот, Андре Риу го најавува своето ново издание “Jolly Holiday” кое премиерно ќе излезе на 13-ти ноември 2020-та година.

Оваа селекција ги содржи најпознатите божиќни мелодии на сите времиња: Jingle Bells, We Wish You a Merry Christmas, White Christmas, Silent Night, O Holy Night, The Holy City, Walking in the Air, Sleigh Ride, Oh When the Saints, I Will Follow Him, Panis Angelicus, Amen, Mary’s Boychild или What a Wonderful World, како и екслузивен поглед зад сцената, во волшебниот свет на Андре Риу.

Андре Риу вели: “Божиќ е мојот омилен период од годината! Со овој албум, сакам да ве одведам на прекрасно музичко патување до зимската земја на чудата – во замокот од бајкитe и светот на Дедо Мраз, за да ја почувствуваме убавината на сезоната и магијата на Божиќ. Долго време, мојот сон беше да одржувам божиќни концерти во родниот град Мастрихт. А, во 2019-та овој сон стана реалност. Oва ЦД + ДВД ја доловува фантастичната атмосфера на овие концерти, како и ексклузивниот поглед зад сцената. Многу сум возбуден што имам шанса да го споделам со вас! Ви посакувам прекрасна празнична сезона, исполнета со многу музика.”

Целиот живот на познатиот виолинист Андре Риу е исполнет со исклучителни достигнувања, преку кои го добива статусот на најголемиот уметник во светот на класичната музика во моментов. Со над 40 милиони продадени албуми ширум светот и повеќе од 700.000 продадени билети на годишно ниво (во 2018 и 2019-та година) не е ни зачудувачки што New York Times го нарекува “маестро на широките маси”.

Во декември 2019-та година, над 35.000 фанови од целиот свет, отпатуваа во Мастрихт за да им се придружат на Андре Риу и неговиот оркестар Јохан Штраус за три незаборавни и романтични вечери исполнети со божиќна музика. Сега може и вие да уживате во оваа уникатна атмосфера и прекрасно концертно искуство, од удобноста на вашата дневна соба. Сите информации околу новото издание може да се погледнат на следниот линк – https://www.andrerieu.com/en/jolly-holiday/

Андре Риу и неговиот оркестар Јохан Штраус ви посакуваат убави празници и ве очекуваат на својот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 12-ти ноември 2021-ва година. Билетите се достапни во продажба на https://mktickets.mk/event/andrerieu2021/

Facebook Коментари