Филипче- Илче од Охрид здрав и расположен заминува во мал групен дом

- Македонија
506

-Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. -информира министерот за здравоство Венко Филипче.

-Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.- додава министерот изразувајќи почит и благодарност за сите здравствени работници тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него.

Случајот на Илче  пред десеттина дена ја разбранува јавноста бидејќи станува збор за дете со церебрална парализа напуштено од родителите.

Strugaonline

Facebook Коментари