Филипче: Институтот Торлак ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини, можно е ковид вакцините да станат сезонски

- Македонија
292
Во рамки на  посетата на соседна Србија и Институтот Торлак, министерот Филипче се сретна со министерот за здравство Лончар.
,,Разговаравме и договоривме соработка во повеќе области, но најважен е договорот Институтот Торлак да биде наш стратешки партнер што се однесува на набавка на вакцините во периодот кој е пред нас. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да запре, многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска. Со ваквото партнерство обезбедуваме долгорочна соработка и стабилен извор на вакцини.
Благодарение на министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и посебно претседателот Александар Вучиќ, преку донацијата на вакцини од Србија ние го започнавме процесот на имунизација кај нас.“-напиша Филипче.
Тој додадека заради овој пријателски гест, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да сите српски граѓани бидат ослободени од плаќање на патарини од 15 јуни до 15 август тоа е оваа сезона во која голем број на српски граѓани традиционално патува и во Северна Македонија и према Грција.
Strugaonline

Facebook Коментари