Филипче: Во Македонија нема мутација на ковид 19 како во Британија, но тоа не е причина за олабавување мерки

- Македонија
345

Во Македонија нема мутација на вирусот ковид-19 како што има во Велика Британија, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Стигнаа резулатите од Лабораторијата во МАНУ и утврдено е дека во земјава нема мутација на вирусот, дека практично во Македонија цело време е истиот вирус. -информираше  Филипче на промоцијата на донација на две амбулатнтни возила од Општина Чаир за Здравствен дом Скопје.

Филипче потенцираше дека непостоењето на мутација не е причина за олабавување на мерките за заштита.

,,Треба да бидеме внимателни и покрај падот на бројките. Последниве денови сме на некој вид на плато со бројката на нозаболени. И понатаму сме со резерва, а не треба да се заборави дека сега почна и второто полугодие во училиштата“, – кажа министерот.

Филипче изрази благодарност до српската премиерка Ана Брнабиќ за нејзината понуда лекарите од Македонија да одат и да се вакцинираат во Србија и рече дека сепак, лекарите ќе бидат вакцинирани во својата земја.

Facebook Коментари