Грчките гранични премини ,,Ники“ и „Дојрани“ затворени до 15-ти август

- Македонија
86

Грчките гранични премини „Ники“ и „Дојрани“ остануваат затвотрени до 15-ти август.

Рампите на овие два гранични премини со одлука на грчките власти требаше да бидат спуштени до денес, но одлуката е продолжена.

– Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки  за COVID-19, доставено е известување дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до сабота, 15-ти август, соопштија од МВР.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до  наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.

извор: МВР

Facebook Коментари