ИЈЗ: Намален е бројот на нови случаи на ковид 19 и бројот на реинфекции

- Македонија
266

Во периодот од 31-ви јануари до 6-ти февруари тестирани севкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани се 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60 години (24,6%) и 30-39 (20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години. Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи. Зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9 години со 21,4% и над 10-19 со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0% во однос на претходната недела. Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела.

Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на Омикрон варијантатаДетектирани се и примероци со Делта сојот на SARS-CoV-2.

Заклучно со 06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина против COVID19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза се вакцинирани 132.488 лица.

извор: ИЈЗ 

Facebook Коментари