Почнува кампањата „Дома си е дома“ за поддршка на домашниот туризам

- Македонија
536

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка-SDC, денес ги промовираа 10-те промотивни видеа за поддршка на домашниот туризам.

Според Директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски очекувањата на АППТ од овој проект се домашните туристи да овозможат зајакнување на туризмот и домашната економија, како и задржување на секое работно место во оваа индустрија која во овој момент е многу ранлива поради кризата. “На овој начин сакаме фактичката туристичка понуда да ја доближиме до домашните потенцијални туристи, да им покажеме што се има во оваа наша убава земја и каде можат безбедно да го поминат својот одмор со семејството или пријателите. Свесни сме дека оваа година поради пандемијата од Ковид 19 туризмот во голем дел потпрен на домашните туристи, а ова е само мал чекор со кој поттикнуваме раздвижување на оваа индустрија при што очекуваме бројот на ноќевања да достигне до два милиона”, изјави Јаневски, Директор на АППТ.
Свое обраќање имаше и амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада.
„Оваа кампања ја гледаме како симбол на соработка и нејзиниот успех директно зависи од широката поддршка од сите. Важно е чинителите вклучени во туризмот да се вклучат во кампањата и да ги користат видеата и останати елементи кога ја промовираат својата понуда. Медиумите, исто така, имаат важна улога во споделување позитивни приказни за потенцијалот на туризмот во државата. Среќни сме и за соработката со останатите донатори кои ја препознаа важноста на кампањата „Дома си е дома“. Во таа насока, би сакала да се заблагодарам на амбасадорката на Велика Британија. Н.Е. Рејчел Галовеј за нивниот придонес во кампањата.“-истакна Техада.
Промотивните видеа можете да ги погледнете на следниов ЛИНК 
Strugaonline

Facebook Коментари