Комисијата дозволи да се организираат настани, подготвен е протокол

- Македонија
560

Комисијата за заразни болести дозволи да се организираат настани , информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата го прифати предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани , а министерот Филипче изјави дека е подготвен солиден протокол со строго контролиран влез.

„Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат“. – рече Филипче. 

Facebook Коментари