Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за нови мерки

- Македонија
395

Полсе вчерашниот број на новозаболени од ковид 19 што достигна 535,  комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува за нови мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче вчеравечер изјави дека тие би вклучувале рестрикција на јавниот превоз, ограничување на работа на угостителски објекти, одредени економски субјекти, компании и секаде каде што се смета дека има ризик. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава.

Филипче истакна дека смета дека е рано да се размислува за полициски час, но во даден момент и тоа може да биде предложено.

 

 

Facebook Коментари