Мазутот поскапува, ценити на нафтените деривати остануваат исти

- Македонија
477

Од вечерва на полноќ поскапува мазутот, цените на нафтените деривати остануваат непреоменети.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на бензините останува иста, па Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 67,00, а Еуросупер БС-98 за 69,00 денари за литар.

Исти остануваат и цените на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, ќе се точат за 61,50, односно 50,50 денари.

Корекција има кај цената на мазутот, кој поскапува за 0,929 денари за килограма и ќе се продава за  35,407 денари за килограм.

Facebook Коментари