МВР: Евидентирани 1.068 прекршоци поради неносење лична заштита на лицето

- Македонија
432

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 11377 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 1068 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 470 контроли во објекти при што евидентирани се 3 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирано е 1 лице кое не ја почитувало мерката за самоизолација.

Во државен карантин спроведени се 73 лица.

Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.

Извор: МВР

Facebook Коментари