Oд полноќ поскапуваат бензините и дизелот

- Македонија
631

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник што ќе важи од вечерва на полноќ.  Следува ново поскапување на бензините и дизелот.

Согласно одлуката на РКЕ,  цената на бензините ќе порасне за 2,5 до 3 денари, а на дизелот за 1,5 денар.

Еуросупер БС – 95 поскапува за три денари, па новата цена за литар ќе биде 71,5 денари. Цената на Еуросупер БС – 98 се корегира за 2,5 денари и од полноќ ќе се точи за 73 денари.

Малопродажните цени на Еуродизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 34,45 денари за килограм.  Овие цени ќе важат во следните две недели.

Facebook Коментари