Отворени телефонски линии за помош и заштита од семејно насилство за време на полициски час

- Македонија
336

-Активна е Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700, која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација BE SAFE, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство  „Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.  Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство  брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка.

Преку следните линкови може да ја спуштите апликацијата на секој паметен телефон.

Хуавеј: https://appgallery.cloud.huawei.com/ag/n/app/C103316455locale=en_US&source=appshare&subsource=C103316455

Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=budi.sigurna.mk&hl=en_US

Apple: https://apps.apple.com/us/app/%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B8-%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0/id1536775532#?platform=iphone

МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка.

Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.

Facebook Коментари