Сектор за хидрологија- Нема опасност од излевање на поголемите реки

- Македонија
433

Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер.

-На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 l/m2), при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата. На одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, така што можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава.-информираат од секторот за хидрологија при УХМР.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари