Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

- Македонија
667

Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

На 26 јули 1963 година Скопје се разбуди под урнатини. Во катастрофалниот земјотрес кој го погоди градот во 5 часот и 17 минути животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Скопје стана град на меѓународна солидарност.

И оваа година поради корона пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки протоколи.

Традиционално, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќе. Цвеќе ќе положат скопскиот градоначалник Петре Шилегов и делегација на Советот на Град Скопје.

Во 19 часот ќе се одржи и свеченото пуштање во употреба на новиот кеј „13 Ноември“, на кое ќе присуствува градоначалникот Шилегов. Ќе има и настап на Градски дувачки оркестар и изложба на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“.

Во Национална опера и балет во 20.30 часот, како дел од 42-то издание на „Скопско лето“, ќе се одржи балетската претстава „Сви марш на плес“ (Balkan Dance Project). Ќе учествуваат танчери од земјава, од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.

StrugaOnline

Facebook Коментари