УХМР: Од денес високи температури, до крајот на оваа седмица топлотен бран

- Македонија
401

Од денес до крајот на оваа седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.

Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен.

Извор: УХМР

StrugaOnline

Facebook Коментари