Трета сезона ЕХФ лига -шампиони-Вардар денеска се сретнува со Монпелје

- Спорт
607

Трета сезона во ЕХФ лигата на шампионите започнува  Во првото коло европскиот шампион Вардар игра  против француски Монпелје. Досега Вардар два пати се враќаше како победник против Монпелје к на стартот, а потоа на крајот стигнуваше и во Ф4 турнирот во Келн. И повторно првото коло во групната фаза ќе биде дуел на два тима што имаа во своите витрини европски титули. Вардар беше европски првак во 2007 и 2019 година, а Монпелје во 2018 година, а претходно има уште еден трофеј од 2003 година.

Вардар и Монпелје се дел од Б групата на ЕХФ лигата на шампионите каде се уште и екипите на Веспрем, Кјелце, Мотор Запорожје, Мешков, Порто и Кил. Се игра според стариот систем, 14 кола по што првопласираниот директно се пласира во Топ-8, а екипите од второ до шесто место во групата ќе играат во осминафиналето.

Во меѓусебните пресметки на Вардар и Монпелје во последните пет години поуспешни се „црвено-црните”. на Седум натпревари, петпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми а единствениот пораз од французите на Ф4 турнирот во Келн Вардар го имаше во сезоната 2017/2018.
Лани играа двапати, исто така сезоната ја почнаа во Франција каде нашите ракометари славеа  со 27-24, а во Скопје  победија со 33-27.

Ова е 13-та сезона како Вардар игра во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите досега Вардар има одиграно 142 натпревари, и на 69 натпревари сме биле победници. „Црвено-црните” се на 14-то место на вечната листа и е најуспешниот тим од Македонија.

На средбата во Франција ќе ги нема Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште се повредени.
Натпреварот со Монпелје се игра во 17,15 часот а ТВ преносот е на МТВ 1.

Извор: РК Вардар

фото: архива

Facebook Коментари