МВР отвори телефонски број на кој граѓаните анонимно ќе можат да пријават журки и организирани славења по викендици и изнајмен простор – 0800 00 201.
– Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број 0800 00 201 и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број, истакна Спасовски денеска во интевју за ,,Утрински брифинг“ на Слободна тв.
Тој најави поригорозни контроли за празниците во насока на почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.
Во интервјуто Спасовски информираше дека викендов МВР спровела 1 300 контроли при што се прекинати 15 забави, а на дел од нив се откриени дрога и оружје.
Спасовски додаде дека се приведени седуммина за изработка на лажни тестови за ковид 19.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари