Став на претседателот Стево Пендаровски по повод важноста на граѓански документи по 12 февруари 2024 година

- Македонија
106

-Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот. Ги следам реакциите на загрижени граѓани кои и лично ме контактираа вечерва и ги разбирам нивната вознемиреност и гнев.-вели претседателот Стево Пендаровски за состојбата околу документите на граѓаните по 12-ти февруари.

Toj побара од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање.

Пендаровски додава дека доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок.

-Никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола и возачка книшка без вина на граѓаните и кои не се истечени во поглед на нивниот рок на важност сметано од издавањето, особено не за учество во сообраќајот во рамките на територијата на нашата држава.-потенцира претседателот Пендаровски.

Тој ги повика надлежните институции навремено и точно да ги информираат граѓаните за сите чекори кои се преземаат да се надмине оваа неприфатлива ситуација.

Strugaonline

Facebook Коментари