Стефоска: Охрид, Струга и Дебрца при издавање на дозволи за градба мора да ги соопштуваат условите согласно Планот за управување со Охридскиот регион

- Македонија
440

Отворена е нова буџетска програма за културно наследство во опасност. За следната година обезбеден е рекорден буџет за заштита на културното наследство, истакна министерката за култура Ирена Стефоска на прес-конференција во која даваше отчет за сработеното во првите сто дена од формирање на Владата.

таа појасни дека минатата недела на 98-миот ден од новиот мандат, Владата на Република Македонија ги усвои заклучоците по информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Воедно, го нагласи и заклучокот дека не ќе може ништо да се гради во Охрид, Струга и Дебрца ако не се земени предвид заштитно-конзерваторските услови кои ги издава Управата за заштита на културно наследство, а ги изработува Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.

– Општините Охрид, Струга и Дебрца при издавање на дозволите за изградба на објекти мора да ги соопштуваат условите согласно Планот за управување со Охридскиот регион, истакна Стефоска.

Извор и фото: 24info.mk

Facebook Коментари