Струшки автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

- Македонија
461

На 30-ти август 2022 година, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Табановце“ било констатирано непочитување на законите кај два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

 – При контрола на автобусите со струшки регистарски ознаки, управувани од страна на 41-годишниот Ц.П. од струшкото село Ложани и 33-годишниот А.И. од струшкото село Франгово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари